ЛЕГО предизвик: Колку комбинации се возможни со 6 ЛЕГО коцки?

Математичарот Сорен Еилерс бил заинтригиран од поврзаноста на математичките проблеми со ЛЕГО коцките.

лего

Да речеме дека имате 6 стандардни ЛЕГО коцки (правоаголните 4х2 коцки во оригиналниот ЛЕГО патент). Ако ги склопите, колку можни структури можете да направите?

Ова прашање за прв пат било официјално одговорено во 1974 година, а ЛЕГО математичарите стигнаа до бројот 102.981.500. Еилерс бил заинтересиран за математичката методологија позади овој број и неодамна открил дека овој број покрива само еден вид редење - и токму затоа е драстично низок. Затоа, тој создал компјутерска програма која ги моделира сите можни комбинации на коцките. После работа во програмата скоро цела недела, тој завршил со масивен број: 915.103.765 комбинации.

Еилерс го охрабрил средношколецот Микаел Абрахамсен да напише друга програма во различен програмски јазик, на различна компјутерска платформа, без да се консултира за решението и методологијата. Кога програмата на Абрахамсен завршила со броење, резултатот бил ист.

Еилерс се запрашал што би се случило ако се додаде седма коцка, осма коска и така натаму. Математиката експоненцијално одзема се` повеќе и повеќе време со секое додавање на коцките. Дури и ревидирана верзија на неговата програма која би работела на модерен компјутер (кој ќе знае да ја направи оригиналната пресметка со 6 коцки за само 5 минути), пресметувањето со 8 коцки би траело околу 3 недели, додека пресметувањето со 9 или 10 коцки би траело со години. Можеби стотици години.

 
Објавено на 15.02.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017