15.02.2017 Живот

Петте најповолни земји за иселување


Некои велат дека не е патриотски да се напушта бродот што тоне. Некои пак велат дека треба да се остане сè додека е тоа возможно. Но што кога останувањето веќе не може да биде опција?

Евреите кои ја напуштија Германија пред Втората светска војна го проживеале својот животен век во други држави. Имале деца и внуци, за разлика од оние кои останале...

Овие се петте земји во кои може да се живее сигурно и удобно. Критериумите според кои е направен изборот се општествена стабилност, економска слобода и можности, слобода на изразување, трошоци за живот, добивање визи и државјанство, изолација од  кризи и катастрофи.

1. Костарика

Костарика е планинска земја налик Швајцарија, но со потопла клима и има бројни долини и планински предели кои се погодни за живот.

Таа е релативно мала држава која се наоѓа во близина на екваторот, но опфаќа 30 различни климатски зони, па температурите се движат од 10 степени Целзиусови во планините до 32 степени на плажите. Или со други зборови, не е потребно греење во зима ниту разладување со клима уреди на лето. Земјиштето е неверојатно плодно и погодно за одгледување на многу култури. Земјата е вонредно богата со вода, а вкупната електрична енергија се добива исклучиво од хидроелектрани. Единствен проблем е што е многу тешко да се дојде до трајно државјанство во оваа држава.

Според законите во Костарика, правно државјанство може да добие лице кои ги исполнува следните услови:

*доколку е корисник на воена пензија, социјална помош или државни субвенции во износ од најмалку 887 евра месечно;

*доколку има гарантирани приходи од најмалку 2.220 евра месечно;

*доколку вложи депозит во банката на Костарика во вредност од 53.270 евра. Државата од овој  депозит ќе му исплаќа на вложувачот износ од  2.220 евра месечно, во период од две години, што значи дека државјанството ќе мора да се обновува на секои две години со повторно плаќање на истиот депозит   и

*доколку е инвеститор кој вложил најмалку 177.560 евра во Костарика.

Владата на Костарика ги вовела овие строги мерки затоа што има проблеми со колумбиските и мексиканските имигранти.

Базен во џунгла на Костарика

2. Шведска

Малкумина знаат дека Шведска не е членка на НАТО, па во случај на војна ќе остане настрана, исто како во Втората светска војна. Меѓутоа, Шведска е членка на Европската Унија, а тоа носи привилегии, како на пример, безвизно патување низ Европа. Доколку добиете државјанство на оваа земја, тогаш ќе ви треба само лична карта.

Доколку дојде до крах на еврото, Шведска нема да биде погодена од тоа, бидејќи не е дел од евроунијата и користи шведски круни како своја валута.

Втор службен јазик е англискиот и речиси секој жител во Шведска течно го зборува овој јазик.

Шведска долго време е држава со највисоки плати во Европа.

Факт е дека е една од најскапите земји, но тука сите работи одлично се платени. На пример, градежните работници заработуваат и до 9.000 евра месечно, со тоа што имаат обврска да платат данок од 35 проценти и имаат обезбедено здравствено осигурување до крајот на животот.

Панорама од шведски град

3. Малезија

Малезија е една од најсилните економии во Азија, заради што и животниот стандард им е постојано висок. Тука може да се живее луксузно и со поскромен семеен буџет. Пристоен оброк чини околу четири евра, колку што приближно изнесува и цената на едно шише вино. Уличната храна им е многу вкусна.
Просечната температура изнесува 28 степени Целзиусови, а многу едноставно оттаму може да се патува и до Тајланд, Камбоџа, Виетнам, Јапонија и Лаос.

Бидејќи Малезија била британска колонија, многу локални жители говорат англиски јазик, што го олеснува привикнувањето. Малезиската економија во 2014-2015 била една од најкомпетитивните во Азија, попрецизно на 6. место во Азија и на 20. на светско ниво. Таа се наоѓа пред економиите на Австралија, Франција и Јужна Кореја.

Малезија во периодот 2013-2014 била означена како едно од најдобрите места за пензионирање на светот, бидејќи е трета во светот според Глобалниот индекс на пензионирање.

Условите за добивање на виза се следните:

Барателите под 50-годишна возраст мораат да уплатат депозит во  која било малезиска банка во износ од 64.000 евра. По една година, барателот може да подигне до една половина од депозитот заради купување куќа, за трошоци за образование на децата во Малезија или поради здравствени причини. Меѓутоа, во наредните година дена, барателот мора да оствари приход од најмалку 32.000 евра.

Барателите кои се над 50-годишна возраст мораат да имаат месечна пензија од најмалку 2.050 евра и депозит во банка од 32.000 евра. Тие по истекот на една година  можат да подигнат 10.650 евра за купување на куќа, за образование на децата во Малезија или заради здравствени потреби. Меѓутоа, во следната година ќе мора да остварат приход од најмалку 21.300 евра.

Панорама од малезиски град

4. Чиле

Чиле денес е една од најстабилните држави во Јужна Америка. Тие се водечка нација во Латинска Америка според приходите, мирот, економските слободи, образованието и ниското ниво на корупција. Странските заедници во Чиле имаат бројни погодности.

Чиле е развиена држава со модерни градови и богати населби, а речиси од секое место може да се видат Андите. Животните трошоци се прилично ниски. Туристичка виза во траење од три месеци може да се добие за 140 евра, а барањата за државјанство исто така се доста флексибилни. Имигрантите можат да конкурираат за добивање на чилеанско државјанство или виза доколку примаат од 440 до 880 евра месечно. Претприемачите можат да добијат државјанство со отворање на бизнис, а странците лесно можат да го добијат доколку работат за некоја чилеанска компанија.

Планини во Чиле

5. Тасманија

Тасманија е островска држава во рамки на Австралија во која живеат околу еден милион жители. Тасманија има многу извори на вода и многу плодно земјиште.

Вкупната површина на островите изнесува 90.758 квадратни километри, а околу 45 проценти се национални паркови и природни резервати. Станува збор за бреговита држава, која е безбедна од удари од цунами.

Исто така, во Тасманија може да се купи фарма за прилично ниска цена. Згора на сè, населението зборува на англиски јазик, а единствен недостаток е што зимите, па и летата се многу студени. Цените на производите за секојдневна употреба се релативно високи, но затоа пак на многу едноставен начин може да се стекне виза за престој. Во најголем број случаи, доволно е да се докаже дека поседувате некаква вештина или знаење кои им се потребни, а слободно е вложувањето во фарми или земјиште.

Улица во Тасманија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот