X
 15.02.2017 Култура

Приказната позади една од најромантичните фотографии

фото

Фотографијата која Робер Дуано ја направи на која се бакнува еден пар, стана суштински поврзана со Париз и со романсата.

Една од најиконските фотографии на 20-от век - слика која стана синоним за љубовта и Париз, градот на романтиката. Името на фотографијата е „Бакнеж кај градското собрание“, а моментално изложбата во Мартин-Гропиус-Бау во Берлин ја прикажува токму оваа фотографија заедно со уште стотина фотографии од големиот француски фотограф Роберт Дуано.

„Луѓето ги сакаат моите фотографии бидејќи во нив го гледаат она што би го виделе кога би запреле, не би брзале и би уживале во градот“, во една прилика изјавил талентираниот фотограф.

Ова е доста точно, меѓутоа иронијата е во тоа што токму неговата најпозната фотографија била „наместена“.

„Фотографијата била направена во пролетта 1950 година. Агентот на татко ми успеа да добие серија на фотографии на темата „Љубовниците на Париз“ за Лајф магазинот“, објаснува ќерката на познатиот фотограф.

Во тоа време, правата за фотографиите веќе беа заштитени со закон и внимателниот Дуано повеќе сакал да ги користи пријателите или младите актери за неговите репортажи, со цел да ги избегне правните прашања. Едно попладне во март 1950 година, Дуано излегол на улиците во Париз со млади актери кои му биле пријатели и ги остави да се забавуваат: тие се шетале, се држеле за раце, разговарале и се бакнувале, додека тој во близина ги следел. „Неговите модели не беа модели во смисла на тоа дека не позираат. Тој е на камера го пренесуваше нивното флертување и бакнување, на многу природен начин“, вели неговата ќерка.

Резултатот бил бакнежот, кој Дуано успеал да го фати пред градското собрание - момент чија убавина е позната само за љубовниците и фотографот. Околу нив се наоѓаат рамнодушните Парижани кои едвај го забележуваат младиот пар; автомобилите поминувале, а луѓето седеле во кафулињата.

„Во тоа време, американските списанија беа заинтересирани за париските приказни, особено приказните кои го прикажуваат животот на париските улици, каде што луѓето се однесувале многу послободно отколку во Америка. Дури и на улиците во Њујорк, паровите не се бакнувале, барем не толку ноншалантно“, вели Франсин.

После правењето на фотографијата, таа била објавено во списанието „Лајф“ и станала дел од портфолиото на Дуано. Интересно е тоа што Дуано не мислел дека сликата е толку извонредна.

„Тој сметаше дека е добра фотографија, меѓутоа ништо повеќе. 30 години од создавањето на фотографијата, во 1980-те, млад издавач предложил фотографијата повторно да биде објавена, овој пат во форма на постер. Дуано не бил убеден меѓутоа сите млади луѓе од агенцијата „Рафо“ каде тој работел, биле ентузијастички настроени, така што тој прифатил.

Успехот се случил веднаш и станал глобален. Како Дуано го објаснил нендејниот и универзален успех на неговата фотографија? - Сите знаеме дека фотографија претставува совршена фантазија. Опфаќа поглед во светот на Париз како град на љубовта и слободата.

Фотографиите на Дуано интимно се поврзани со Париз во време кога градот бил светски главен град на културата и уметноста. „Тој беше воодушевен од Париз и неговата љубов не исчезна до неговата смрт“, вели неговата ќерка.

„Париз има внатрешна убавина која го допира секој оној кој ќе ја посети или кој живее тука“, додава таа.

Поголемиот дел од неговата работа бил поврзан со весници и списанија, меѓутоа тој секогаш ги користел неговите задачи како можности да „го фати моментот“ кој за него е интересен.

„Тој се чувствуваше удобно секаде - во сиромашни области и благороднички области на Париз. Често пати го нарекуваат „фотограф хуманист“ бидејќи фокусот на неговата камера беше насочен кон луѓето“, вели неговата ќерка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура