16.02.2017 Економија

Лоши финансиски навики од кои треба да се ослободи секој млад човек

На 20 годишните луѓе, штедењето често пати им е последното нешто кое ќе им падне на ум. Но, кога станува збор за управување со парите, 20-те години можат да одиграат важна улога.

финансии

За да имате здрава финансиска иднина и да поставите темели за иднината која пристигнува, ова се навиките од кои полека треба да се одвикнувате.

Не штедите

Без оглед дали имате пониски примања и без разлика на тоа какво е темпото на вашиот живот, секој ден можете да издвоите пониска сума на пари и да ги ставите во касата. Поставете си самите предизвик. Секое утро во касата ставете ги ситните пари кои ги имате или поставете си одредена сума - 10, 50, 100 денари. На крајот од годината ќе бидете среќни поради овој потег.

Трошите големи суми на пари на работи со краток рок на траење

Утринско кафе, такси, коктели за време на викендот, ручек во ресторанот - сите овие трошоци мудро и тивко го намалуваат вашиот буџет. Имено, не е проблем ако еднаш неделно си дозволите вкусно јадење, навечер враќање дома со такси, меѓутоа преку ден треба да барате алтернатива за овие трошоци. Носете кафе во термос, и дома приготвувајте јадење.

Се потпирате на кредитните картички


Со кредитните картички треба да управувате доста разумно. Иако тие се чинат едноставен и паметен начин на плаќање на сите ваши трошоци, важно е, доколку се потпирате на нив, да имате и пари кои ќе направат реконструкција на вашата кредитна картичка на крајот од месецот.

Немате претстава каде ги трошите парите

Добро би било секој ден да издвоите пет минути за да следите на што ги трошите парите. Ќе се изненадите колку ситни трошоци „крадат“ од вашиот месечен буџет, па ќе започнете попаметно да купувате производи кои ги користите секој ден.

Не размислувате за вложување

Чекате денови кога ќе имате поголем буџет. Денес на пазарот постојат многу начини со малку вложување да заработите дополнителни пари од страна. Вешти сте во пишување? Одлични сте во комуникација со другите? Одлично познавате некој странски јазик? Пронајдете начин како да заработите од тоа.

Не се грижите за вашето здравје


Бидејќи сте млади. Но, без оглед на тоа колку години ќе правите, трошоците за стоматолог, доктор или слично, се високи ако немате здравствено осигурување.

Се потпирате на поддршката од вашите родители

Секако, родителите се тука да ви помогнат да ги направите првите финансиски чекори, но сега е вистинско време како возрасна личност да ги преземите работите во ваши раце и да започнете да заработувате. Ќе се чувствувате одлично и самостојно, и тоа ќе ви биде одличен мотиватор за понатамошни авантури и растење во бизнис светот.

Трошите пари за да ги воодушевите пријателите

Или се правдате дека вашите навики се копија на нивните навики. Секој од нас се наоѓа на различни почетни финансиски позиции и во согласност со тоа треба и да се однесуваме.

Купувате само затоа што нешто е евтино или на попуст

Крајно време е да научите да трошите и да ги купувате само оние работи кои ви се навистина потребни. Ако блузата е на попуст, а вие во плакарот имате премногу блузи, не ја купувајте. Ако чоколадите се на намаление, а овој викенд веќе сте си го купиле омиленото чоколадо, тогаш друго не ви е потребно.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија