Привлечноста е генетски кодирана


Млада насмеана двојка

Кога следниот пат некој ќе ви се допадне „по мирисот“, наместо да го прашате кој знак е во хороскоп, истражете го неговиот генетски код.

Секој од нас има свој единствен генетски комплекс кој го дефинира нашиот имунолошки систем, слабостa на определени бактерии и вируси, како и многу други наши индивидуални карактеристики, вклучително и тоа кон кого чувствуваме привлечност.

До овој заклучок дојде тимот од научници кои резултатите од својата студија ги објави во списанието Nature. Нивната идеја била да ги истражат причините за привлечност. Истражувањето го извршиле на примерок од 500 лица, а студијата открива дека паровите кои имаат потполно различни генетски комплекси, чувствуваат најсилна привлечност еден кон друг, како и силна желба за создавање на заедничко потомство.

На овој начин тие докажале дека на биолошко-хемиско ниво спротивностите навистина се привлекуваат. Научниците притоа објаснуваат дека овој принцип важи и за воодушевеноста од нечија миризба, па советуваат кога следниот пат некој ќе ве привлече со својата телесна миризба, наместо причината за тоа да ја барате во судбинската поставеност на ѕвездите, да „ѕирнете“ во неговиот генетски код.
 
Објавено на 16.02.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017