X
 16.02.2017 Вработување

Вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН...Плата од 34.500 денари

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Референт за денарско и девизно работење

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за дневно следење на денарски и девизни сметки, како и водење на целокупната процедура при земање на денарски и девизни кредити, при обезбедување на банкарски гаранции. Следење и навремена примена на законската регулатива во врска со денарските и девизните плаќања. Изготвување на дневни, месечни и квартални извештаи кон Групацијата. За својата работа ќе известува на Менаџерот на Секторот за финасии. Платата за работното место во нето износ е од 34.500,00 до 40.000,00 денари.

Потребни квалификации:
Економски факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
Работно искуство најмалку 3 години во банка или друга финансиска институција со познавање на: платен промет во земјата и платен промет во странство, банкарски гаранции и акредитиви, депозитно и кредитно работење
Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point (и/или Prezi) и одлично познавање на другите MS Office апликации
Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички способности и прецизност во работењето
Добри комуникациски и организациски способности
Флексибилност и адаптибилност
Тимско работење и кооперативност
Ефективност и ефикасност


Референт за финансиска контрола

Избраниот кандидат ќе учествува во изготвување на годишниот буџет на Компанијата, изготвување на годишни и повеќегодишни стратешки планови; изготвување на дневни и месечни извештаи; анализа на фиксните и варијабилните трошоци од работењето на одредени сегменти на Компанијата; изготвување на презентации и учество во проектни задачи од други области согласно потребите на Компанијата. За својата работа ќе известува на Раководителот на Службата за планирање и контрола. Платата за работното место во нето износ е од 34.500,00 до 40.000,00 денари.

Потребни квалификации:
Економски факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
Работно искуство најмалку 2 (две) години во планирање и контрола, изготвување буџети и MIS извештаи
Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point (и/или Prezi) и одлично познавање на другите MS Office апликации
Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички способности и прецизност во работењето
Добри комуникациски и организациски способности
Флексибилност и адаптибилност
Тимско работење и кооперативност
Ефективност и ефикасност

    
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
Мотивациско писмо
Биографија на англиски јазик (CV)
Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
http://www.usje.com.mk
 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    26.02.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување