Џастин Трудо: „Успешната економија зависи од образованието и вештините на човекот“

Сите знаат дека Џастин Трудо е премиер каков што би посакала секоја држава. Уште од неговото појавување, тој стекна популарност со неговиот стил на обичен човек. Ова се некои од неговите мудрости искажани за време на неговото владеење.

trufdo

„Јас сум наставник. Така се дефинирам себеси. Добриот наставник не е некој што им дава одговори на неговите деца, туку ги сфаќа потребите и предизвиците и дава алатки кои на другите луѓе им помагаат да успеат. Така се гледам себеси, па што и да правам после политиката, ќе биде поврзано со предавањето“.

„Не можеш да управуваш со влада со една личност. Она што е важно е дека лидерството е поврзано со собирањето на извонредни личности и извлекувањето на најдоброто од нив“.

„Дали можам да направам разлика? Дали можам да ги натерам луѓето повторно да веруваат во политиката? Дали можам да ги натерам луѓето да прифаќаат посложени одговори за посложени прашања? Знам дека можам. Знам дека тоа го правам најдобро“.

„Ветувањето на нешто што се чини популарно во тоа време, а за кое знаеш дека никогаш нема да го исполниш - тоа е тој вид на цинична политика од која не сакам да бидам дел“.

„Мислам дека подобрувањето на економијата е добар начин да се помогне со дефицитот, меѓутоа на крајот, фискалната дисциплина и одговорното трошење се оние најважните. И секако, паметните одлуки“.

„Кому му е гајле за победата? Треба да се фокусираме на служењето“.

„Имам многу тешка работа под силен притисок. Сите знаат колку предизвикувачки е да се избалансираат семејните одговорности со работа која ме тера да патувам на другиот крај од државата и да работам многу напорно“.

„Мислам дека луѓето сфаќаат дека ако сакаш да имаш успешна економија, мора да го сфатиш потенцијалот на луѓето. Тоа значи образование. Да, секако, тука спаѓа универзитетското образование, меѓутоа тоа значи и тренинг, практикантство и неколку видови вештини за кои знаеме дека се неопходни“.

„Луѓето се загрижени дека нашите деца нема да ги наследат истите можности кои ние ги наследивме од нашите родители.
 
Објавено на 17.02.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017