X
 17.02.2017 Живот

Кафуле во Виена на гостите им ја наплаќа нивната „зависност“ од телефони

Не е новина во кафуле клиентите да побараат соодветно место каде би ја наполниле батеријата на телефонот. Ова постои откако масовно почнаа да се употребуваат паметните телефони.

виена

Но, една сопственичка на кафуле во Виена веројатно и со цел да се спротивстави на тој луд тренд, донела одлука таа услуга да ја наплаќа. Така ако сакате да го приклучите на електрична енергија Вашиот паметен уред, очекувајте на крајната сметка да добиете и цена за истата.

Галина Покорни почнала да им наплаќа по едно евро на оние кои подолго време ги полнеле уредите.

„Секојдневно се соочувам со голем број туристи кои ги полнат своите телефони, фотоапарати и таблети, но кој ќе ми плати за тоа“, изјавила таа и додала дека петнаесетминутно полнење додека пиете кафе е сѐ уште бесплатно.

Законски ова е можно, но важно е претходно да ги предупредите клиентите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот