Како да создадете своја приказна - бесплатен онлајн курс на „Pixar“

Анимациското студио „Pixar“ го лансираше првиот од шесте бесплатни онлајн лекции за создавање на приказни, предводени од неколку „филмаџии“ од ова реномирано студио.


Новата серија е достапна преку едукативната онлајн платформа „Khan Academy“. Преку неа се дознава за креативниот процес на создавање филмови од создавачите на најпознатите анимирани филмови како „Inside Out“, „Up”“ и „Monsters, Inc.

Првите лекции се достапни на„ PixarInABox.org.“ Лекциите имаат за цел да прикажат како се создаваат приказни и како се креираат ликови и уникатни светови. Часовите вклучуваат видеа, вежби и различни активности кои покажуваат како да се дојде од почетна идеја до финална приказна.

 
Објавено на 17.02.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017