Ова е најзагадениот град во светот

Најзагадениот град на светот според податоците на Светската здравствена организација се наоѓа во Нигерија. Се работи за градот Онитша каде што минатата година е забележано просечно загадување од 594 микрограми на кубен метар штетни честички во дијаметар помеѓу 10 и 2,5 микрометри.


Животот во градот секој ден се повеќе се отежнува заради песочните бури, возилата, палењето на отпадоците и зголемената индустриска активност. Но, поголем проблем е тоа што никој не се грижи за ваквата состојба. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека околу 600 илјади луѓе во Африка секоја година умираат заради проблеми поврзани со загадениот воздух. Но, голем број од луѓето не се ни свесни за загадувањето, па се грижат само како да го прехранат семејството.



Освен загадениот воздух, проблем е и сметот кој го има на секое ќоше.Граѓаните се жалат дека самата држава не презема мерки за решавање на проблемот. Во околината постојат бројни места за рециклирање, но работниците не носат заштитни маски. Се работи на отворено и во воздухот се испуштаат големи количини на запалени метали.

Работниците велат дека состојбата во здравството покажува дека никој не ја сфаќа екологијата сериозно, нема стандарди за грижа за луѓето кои умираат заради респираторни проблеми.



 
Објавено на 17.02.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017