Багван Шри Раџниш е индиски мистик, гуру и духовен учител кој се здоби со следбеници низ целиот свет. Секој што дошол во допир со неговото учење престанал да биде рамнодушен за животот и се обидувал да бара одговори на многу животни прашања.
Прочитајте неколку негови совети:
1. Луѓето прифаќаат се така озбилно, што тоа станува товар за нив. Научете повеќе да се смеете. За мене смеата е исто како и молитвата.
2. Секое делување веднаш доведува до резултира. Само бидете будни и набљудувајте. Зрел човек е тој кој се набљудувал себе и пронашол што за него е правилно, а што не, што е добро, а што лошо. Бидејќи го открил сам, има поголема самодоверба, дури и ако целиот свет друго зборува, тој не би го сменил мислењето. Тој има свое искуство на кое може да се потпре и тоа му е доволно.
3. Желбата да се биде необичен е многу обична. Опуштете се и бидете обични – тогаш всушност сте необични.
4. Животот е мистерија. Не е возможно да го предвидите. Постојат многу луѓе кои сакаат животот да им биде предвидлив, за да не постои стравот. Сѐ би било определено, не би постоел сомнеж во ништо, но тој не е таков.
5. Сите ние сме единствени. Никогаш и никој не прашувајте што е правилно, а што не. Животот е експеримент, во чиј од треба да знаете што е правилно, а што не. Понекогаш може ќе постапите неисправно, но и тоа ќе го донесе соодветното искуство, од кое ќе имате корист.
6. Постојат моменти кога Бог доаѓа и чука на Вашата врата. Тоа и е љубовта – Бог кој чука на Вашата врата. Преку жена, преку маж, преку дете, преку љубов, преку цвет, преку залезот на сонцето или зората... Бог може да чукне на милиони различни начини.
7. Вие се менувате во секој момент. Вие сте река. Денес таа тече во еден правец, утре во друг. Никогаш не сум видел едно исто лице два пати. Тоа се менува. Но треба да имате проникливи очи па да го видете тоа. Во спротивно, паѓа темница, и сѐ останува исто; Ви се чини дека сѐ веќе се случило.