O Г Л A C
За прием на работник на работно место Аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија
Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:
Познавање и/или искуство во развој на софтвер со помош на Microsoft Visual Studio во програмските јазици Visual Basic .NET или C#
Познавање работа со бази на податоци (пожелно Microsoft SQL Server)
Основни познавања од администрација на вебсервиси (MS IIS) и
оперативни системи (Windows Client/ server), мрежни уреди, свесност за
сигурносни контроли (криптографија, антивирус, firewall, итн.
Ќе се смета за предност познавање на Microsoft .NET за развој на апликации Web и Десктоп, АЅР .NET, Win Forms, WCF, WPF, HTML, CSS,
MVC, JavaScript, TSQL, IIS, Xamarin, Git (version control), TFS, Azure, Java, Visual C++, COM+, PKI, итн.
ВСП Факултет за информатичка технологија или електротехника (поседување соодветни сертификати ќе се смета за предност);
Со или без работно искуство
Одлично познавање пишан и
говорен англиски јазик
Лични карактеристики:
Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
Тимски дух, позитивен став и
однесување
Способност за работа под притисок, соочување со стрес и
извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, со почеток од 8. 00 часот до 9. 00 часот и крај од 16. 00 часот до 17. 00 часот. Банката
нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно
усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет на страницата на Банката
http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb.nspx
или вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката
на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1 000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 27.02.2017
година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.