X
 22.02.2017 Образование

Највредни вработените на Филозофски факултет

Секој декан, еднаш годишно има законска обврска да поднесе извештај пред ректорот за работата на високообразовната институција со која раководи, Извештаите од деканите, кои во нив пишуваат информации за научната дејност, за мобилноста на студенти и на професори, за одржани конференции и други проектни активности, поминуваат и пред професорите на наставно-научен совет, а потоа се објавуваат во универзитетскиот весник.



Според бројките содржани во тие извештаи, за минатата академска година, Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) отскокнува во повеќе сегменти.

Раководството на Филозофски факултет организирало најголем број меѓународни конференции. По него се Филолошкиот и Архитекстонскиот факултет со по 14 организирани конференции. Филозофски факултет е прв и по бројот на финансирани и издадени учебници, учебни помагала и монографии - 32. Исто толку учебници потпомогнал и Техолошко-металуршкиот факултет.

На Филозофскиот факултет се издадени дури 9 научни меѓународни списанија, најмногу во споредба со останатите факултети на УКИМ. По него следуваат Правен и Економски факултет со по две меѓународни списанија. Во меѓународните списанија издадени од Филозофскиот факултет пишуваат свои трудови домашни, но и професори од странство, а се од областа на педагогијата, социологијата, историјата.

Најголема мобилност на наставници има остварено Економскиот факултет - 34, а на студенти бројката е 11. Вкупно 12 студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) престојувале на студии надвор од држвата, а осуммина од Филозофскиот факултет.

Најголем број на национални проекти имал Факултетот за електротехника и информациски технологии - 13, а по осум имаат Филозофскиот факултет и Инситутот за социолошки и политичко-правни истражувања. Филозофски предничи и во бројот на издадени зборници. Лани ова високообразовна институција издала пет зборници, додека Филолошки три и ФИНКИ два зборника.
Подготвил: Р.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование