X
 22.02.2017 Живот

Од дневникот на Тито - планот за бегство од Југославија

Доживотниот претседател на СФРЈ имал таен план за евакуација во случај на напад во 50тите години на 20ти век. Во 1970-тите во една архивска кутија се пронајдени белешки од 21 декември 1950, кои се напишани после „веста која го изненадила државниот врв“, како и „првиот впечаток дека Русите се одлучиле за напад на земјата“.

тито и другарите

Колку биле реални овие стравови говори и податокот дека планирале и евакуација на жителите не само на раководството.

„После академијата (по повод ден на ЈНА) сам кај мене дома (во Белград) долго седев со другарите Кардељ, Марко (Александр Ранковиќ) и Џидо (Милован Џилас) и разговаравме за тоа што сѐ мораме да превземеме во случај на напад кон насм во случај да не издржеме втора војна на наше тло итн. Јас ги прашав другарите што мислат за тоа да се повлечеме надвор од нашата земја со јака армија,  а потоа и со таква да се вратиме, затоа што само на тој начин ќе го спасиме социјализмот во нашата земја. Сите тројца потполно се согласија, како што еден ден порано се согласи Гошњак и К. Поповиќ,“ стои во белешките.

Дека тој страв бил толку голем покажува уште еден запис од 4 декември 1950 во кој стои дека бил свикан итен состанок со неговите соработници, но сепак ништо не се случило. Сепак тој одржал седница на Секретаријатот на Политбирото на ЦК каде се одлучило да се прераспореди военото раководство.

Во белешките од 1951 година тој пишува дека Русите преку своите сателити припремаат пресметка со СФРЈ, а веднаш после тоа во неговите белешки се води разговор за загрозените делови на Југославија. Од крајот на јануари неговиот дневник е исполнет со доживувања од лов.

После тој период нема докази дека и понатаму водел дневник.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот