X
 22.02.2017 Наука

Зошто астронаутите не смеат да пијат пиво во вселената?

Патувањето во вселената не е едноставно. Стресно е и страшно, а консумирањето на алкохолни пијалоци (за намалување на стресот), е забрането за астронаутите.

astronauti

Прашањето за алкохолот во универзумот е доста комплексно. Постои широко верување дека доколку човек пие алкохол на високи надморски височини, побрзо се опијанува. Логично е да се претпостави дека пиењето на алкохол високо во орбитата би можело да има уште поекстремен ефект врз човечкото тело.

Меѓутоа, постојат докази кои го побиваат митот. Истражување од 1985 година проучувала како алкохолот, кога се консумира во симулирани услови на повисока надморска височина, влијае на способноста на извршување на сложени задачи. Во истражувањето учествувале 17 мажи од кои било побарано да испијат доза вотка, прво на земјата, а потоа во комората во која биле симулирани услови од 2.7 километри височина.

После испиената вотка, им биле дадени серија логички и физички задачи. Истражувањето конечно заклучило дека не била пронајдена никаква врска помеѓу ефектите на алкохол и и височината, ниту пак во извршувањето на задачите, ниту на резултатите од тестирањето на здивот.

Дали тоа значи дека теоријата дека човек побрзо се пијани во воздух е само мит? Дејв Хансон, професор по социологија на Државниот универзитет во Њујорк, кој 40 години го истражувал алкохолот, дава потврден одговор. „Не можам да замислам дека пиењето алкохол во универзумот на било кој начин би бил различен“, вели тој. Тој додава дека висинската болест би можела да личи на мамурлук и на интоксикација.

Луѓето кои тврдат дека во авион се опијануваат побрзо од вообичаеното, всушност доживуваат „think drink“ ефект кој Хансон го истражува со години. Овој ефект е термин кој ја објаснува појавата со која луѓето се однесуваат попијано кога се уверени дека се пијани, без оглед на тоа колку алкохол испиле. „Ако луѓето летаат во авион и поради некоја причина веруваат дека алкохол ќе влијае врз нив посилно, тогаш ќе се однесуваат согласно на тоа“, вели Хансон.

Но зошто астронаутите не пијат ако алкохолот нема некој посилен ефект врз нив? Даниел Г. Хоут вели дека забраната е од практични причини. „Консумирањето на алкохолот строго се контролира поради влијанието кое може да го има на системот за обновување на водата на вселенската станица“, вели тој.

На астронаутите не им е дозволено да користат било какви производи кои содржат алкохол, како што е на пример лосионот за после бричење и другите хигиенски препарати. Тука, секако станува збор и за одговорност. И на возачите и на пилотите не им е дозволно да пијат и да управуваат со возилото, па не е изненадување што алкохолот е забранет и за астронаутите кои се опкружени со опрема вредна милијарда долари.

Всушност, никој досега не истражувал како човечкото тело ќе реагира на алкохол во вселената. „Ние ги истражуваме различните начини на кои телата на астронаутите на микробиолошки ниво се менуваат во вселената. Имаме доста детална програма за исхрана која обезбедува нивните тела да го добијат сето она што им е потребно“, вели Стефани Шиерхолц од НАСА.

Сепак, првата течност која човек ја испил на месечината, била вино. Баз Олдрин во многу интервјуа кажал дека тој и Нил Армстронг се напиле малку вино пред да стапнат на површината на Месечината во 1969б година. И додека НАСА има доста строги правила околу алкохолот во универзумот, Русите во минатото биле доста поопуштени. - космонаутите од вселенската станица „Мир“ можеле да пијат мали колични коњак и вотка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука