X
 23.02.2017 Култура

Мултимедијална изложба на Александар Спасоски: „Несигурни времиња“

Локација: http://www.nachtspeicher23.de/startseite.html

 

Галерија НАХТШПАЈХЕР 23

 

ДАТУМ: 03.03.2017

 

Македонскиот мултимедијален уметник Александар Спасоски автор на неколку значајни видео проекти кои имаат значајна интернационална застапеност на многу фестивали и светски изложби, воедно и автор на музика, филм и концептуални дела, на 3 Март следниот месец ќе има отварање во познатата независна Галерија НАХТШПАЈХЕР 23 во Хамбург заедно со германската авторка Жаклин Кристиансен која ќе изложува неколку скулптури.

 

Темата со наслав “Несигурни времена” има за цел преку овие два автори да прикаже една меѓусебна поставка на мултимедијални дела: видеа, инсталации и скулптури на два автори кои припаѓаат од сосема други светови но кои прават претстава за она што го носи сегашниот глобален систем кој е парафразиран преку наслов “Несигурни времиња”.

 

Спасоски на оваа изложба ќе претстави три поставки на дела со наслов “Бродот што никогаш не поминал” дело кое отвара безброј дискусии кои имаат силна политичка конотација и воедно дело кое беше претставено на “Урбани приказни” 2012 во Скопје и како проект поддржан од Министерството за култура и градот Минхен во Минхен како градска поставка покрај реката Изар.

 

Второто дело кое е најнова видео поставка на Спасоски со наслов “Шарената Револуција” ќе зборува пак за локалната Македонска политичка ситуација во која авторот е инспириран од осветлувањето кое ги осветлува Македонските бои на новата архитектура Скопје 2014 .

 

Третото дело со наслов “Ложа” пак е видео претстава создадена и снимена во Голубарски кафез и се бави со поимот на Хиерархијата како позиција на ложа и нејзиниот елитистички однос кон масовноста.

 

2009 Спасоски со своето видео Воајер беше наградено за најдобро видео дело при Академијата за Ликовни уметности во Минхен и воедно номиниран за награда на престижниот Оберхаузен фестивал.

 

Александар работи и живее во Минхен од 2000 година но воедно активно зема учество на интернационални изложби и е дел од современата Македонска ликовна сцена.

 

aleksandar-spasovski

 

aleksandar-spasovski
"Шарената Револуција" Видео арт 2016, Александар Спасоски

 

aleksandar-spasovski
Ложа 2016 Александар Спасоски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура