X
 23.02.2017 Технологија

Нова услуга од ВИП

Интерактивна телевизија достапна бесплатно за сите нови активации на Вип Комбо уште од најниската тарифа



Вип го збогатува своето портфолио и со задоволство го најавува воведувањето на интерактивна телевизија со која го зголемува квалитетот на гледање на телевизиските програми.

Со интерактивната телевизија корисниците добиваат можност да ја враќаат ТВ програмата наназад 7 дена, и тоа овозможено на дури 50 ТВ канали. Од сега корисниците на интерактивната телевизија ќе ги добијат функционалностите за паузирање, премотување наназад, снимање на ТВ програма во живо или закажување на снимање. Интерактивните функционалности овозможуваат и подесување на ПИН код за заштита од содржини кои не се соодветни за деца. Од денеска, сите корисници кои ќе изберат еден од Вип Комбо тарифните модели добиваат бесплатна интерактивна телевизија дури и за најниската тарифа. Промотивно корисниците на интерактивни услуги на Вип ќе добијат и 3 месеци бесплатен пристап до услугата Видеотека, која содржи Disney филмови и популарни ТВ серии.

Новите корисници и корисниците кои ќе го обноват својот договор на Вип Комбо, добиваат бесплатно нов дигитален ресивер кој ги овозможува сите функционалности на интерактивната телевизија.

”Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на Комбо пакетите и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали. Воведувањето на Вип интерактивна телевизија е уште еден доказ за нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани” изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор во онe.Вип. Постоечките корисници на Вип Комбо, каде постои техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат истата со замена на постоечкиот ресивер со нов ресивер, со еднократен надоместок или на рати.

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес, на локации каде постои техничка можност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија