X
 23.02.2017 Живот

Што е потребно за да бидете астронаут?

Канада најмува астронаути. Две високо квалификувани лица наскоро ќе започнат нова кариера и ќе добијат вселенски мисии. Пријавени биле 3 илјади лица, а сега кругот е намален на 72 кандидати. Двајцата избрани астронаути ќе бидат соопштени летово.


Еден од кандидатите раскажува како е да бидете дел од интервју кое трае неколку месеци и тоа за една од најтешките работи на светот. Тој вели дека сите кандидати се високо квалификувани, научници, доктори или пилоти. Што е потребно за да се биде астронаут?

Најпрво се пополнува апликација со академски, професионални и физички знаења. Потоа се прави детална медицинска историја за кандидатот, мерење на секој дел од телото, прегледи до најмала ситница, за да се одреди како вашето тело би се приспособило во вселената. Ако се поминат првите тестови, тогаш сте повикани на уште скенирања. А кандидатите се повикуваат и во кампови за обука. Во камповите се станува во 5 часот и 30 минути, се маршира, се облекуваат униформи. Пливање, трчање, качување, трчање со пречки, носење тегови. Како што вели кандидатот, во моментот на максимална исцрпеност, во кампот ве носат на решавање математички, логички, мемориски, координациски проблеми.


Во текот на летниот период двајцата среќници после макотрпните тренинзи и тестови, ќе бидат објавени, па за нив се подготвени дополнителни тренинзи за мисии во вселената.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот