X
 28.02.2017 Живот

Кормак МекКарти: Работењето од 9 до 17 го ограничува кретивниот потенцијал

Кормак МекКарти е американски писател чии дела се меѓу најпродаваните во модерното време. Освен што е писател, награден со Пулицерова награда, тој е и студент по теоретска физика и математика. Која е неговата тајна?


Тој вели дека работата е централниот фокус на неговиот живот и не обрнува внимание ниту на парите ниту на славата. Исто така истакнува и дека не сака да работи. Па се поставува прашањето на што точно мисли МекКарти? Тој смета дека човек во животот треба да биде посветен за да успее во нешто што се сака, а кога го работиш она што го сакаш, тогаш исто како да  не работиш. Но, го избегнува и стандардното работно време, на пример од 9 до 17 часот, како што повеќемината функционираат.

МекКарти вели дека доколку уметниците не ја стават работата што ја сакаат како број еден приоритет, а материјалните задоволства и економската стабилност како второстепена грижа, тогаш никогаш нема да откријат што се можат да постигнат.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот