X
 28.02.2017 Технологија

За цена од еден Ајфон, може да се купи ветерна турбина што произведува струја


Ветерен генератор

Индиската  компанија „Avant Garde Innovations“ произведе евтина електрана на ветeрски погон која може да генерира 3-5 киловатчасови електрична енергија дневно, а чини само 700 евра еднократен трошок.

Пинараји Вијајан, главниот министер на индиската сојузна држава Керала, изразил јавна поддршка на овој ветерен електричен проект, и иако оваа држава одржува речиси 100-процентна електрична покриеност на сите домаќинства, голем дел од Индија, сè уште е во темница.

Браќата Арун и Ануп Џорџ стартувале со намерата да креираат одговор на константниот проблем Индија да обезбеди покриеност во снабдувањето со електрична енергија на целата територија, па развиле ново решение кое, како што тврдат, нема да влијае врз еколошката рамнотежа.

Така ја создале евтината турбина на ветер која има капацитет да генерира струја доволна  за едно домаќинство, на дневна основа, со големина како еден тавански вентилатор.

Инаку, Индија е шестиот најголем потрошувач на електрична енергија, што изнесува околу 3,4 проценти од глобалната светска потрошувачка.

Федералната влада во Индија, како и регионалните, не можат соодветно да одговорат на големите трошоци за изградба на инфрастуктура која е потребна за електрификација на оддалечените подрачја. Токму таму, производот на браќата од Керала доаѓа до израз.

„Досега еден мал ветерен агрегат кој генерира еден киловатчас енергија чинеше од 3.600 до 9.200 евра во просек, а нашата компанија сега ќе го нуди по цена од 700 евра, за производство на 3-5 киловатчасови на ден. Цената дополнително ќе се намалува низ масовното производство“, изјавил Арун Џорџ  во интервјуто за „The Times of India“. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија