X
 01.03.2017 Култура

Најдоброто од 2016 во Cineplexx

Сите посетители на киното Cineplexx ќе имаат можност повторно да уживаат во најдобрите и најгледаните филмски остварувања од 2016 година, по специјална цена на билет од 100 денари.



Доколку пропуштивте да погледнете некои од блокбастерите или сакате повторно да погледнете некој филм кој ве воодушевил, во периодот од 2 до 29 март ќе ги прикажуваме најдобрите 18 филмови од минатата година.

За сите љубители на научната-фантастика ќе биде прикажувана приказната за светски познатиот хирург др. Стивен Стрејнџ, „Доктор Стрејнџ“ и епската битка меѓу Азеротите и Орките во „Воркрафт: Почеток“ . Љубовната драма „Сојузници“ со Бред Пит и Мaрион Котиjар се најде на листата најгледани филмови, приказна кого никого не остави рамнодушен, како и романтичната комедија „Бебето на Бриџит Џонс“ . Еден од најгледаните филмови минатата година е и филмот „Дедпул“ , базиран на Марвеловиот стрип за неконвенционалниот анти-херој, Дедпул. Секако, тука е и минатогoдишнiот хит „Инферно“ , снимен според истоимениот бестселер на Ден Браун со Тoм Хенкс во главна улога.

Љубителите на жанрот акција ќе можат да ги погледнат и „Џејсон Борн“ , „Џек Ричер: Нема враќање“ и „Капетан Америка: Граѓанска војна“ .
За добро расположение ги издвоивме и урнебесните комедии „Зулендер 2“ , „Тато се врати“ и „Тајна служба“ .

Најмладите посетители на киното Cineplexx ќе можат да уживаат во анимираните авантури „Барајќи ја Дори“ , „Филмот на лутите птици“ , „Ваијана: Потрага по митскиот остров“ , „Пејте со нас“ , како и филмовите кои што добија Оскар за најдобри визуели ефекти оваа година, „Книга за џунглата“ и Оскар за најдобар анимиран филм „Зоотропола“ .

Повеќе информации за репертоарот можете да најдете на www.cineplexx.mk или на нашата фејсбук страна!
ЛОГАН
Во блиска иднина истоштениот Логан се грижи за болниот сојузник Професор Х во близина на мексиканската граница. Но обидот Логан да се скрие од светот и неговото наследство ќе завршат токму таму, на границата со Мексико. Обидот Логан да се скрие од светот се прекинати кога млад мутант, кој е гонет од темните сили, ќе пристигне кај него.



АВ АВ ЅВЕЗДА

Кога од небото паѓа радио во рацете на тибетскиот мастиф Боди, тој го напушта својот дом за да го исполни неговиот сон да стане музичар, предизвикувајќи серија неочекувани настани.




„Игла под прагот“ ја раскажува приказната за жителите на едно мало село на полуостров, кои се на прагот да продадат голем имот во парохијата на поп Петар (лик кој го толкува Никола Ристановски) и со тоа да ги решат своите финансиски проблеми. Единстевната пречка на нивниот пат е тврдоглавиот поп Петар, кој одбива да го продаде својот дел.




ТИШИНА

Приказна за двајца католички мисионери (Ендрју Гарфилд и Адам Драјвер) кои се соочени со крајниот тест на верата кога тие патуваат во Јапонија во потрага по нивниот исчезнат ментор (Лиам Нисон) - во време кога католицизмот бил забранет во Јапонија.




Неделна програма 2.3.2017 – 8.3.2017


Логан
Секој Ден: 15:00, 16:15, 17:30, 19:00, 20:00, 21:45, 22:40
Викенд: 13:00, 15:00, 16:15, 17:30, 19:00, 20:00, 21:45,  22:40

Трејнспотинг 2
Секој ден: 17:00, 22:00

Џон Вик 2
Секој ден освен среда: 15:45, 18:15, 20:30, 22:50
Среда: 15:20, 17:40, 19:45, 22:50

xХx: Враќањето на Ксандер Кејџ Дигитал 3D
Секој Ден: 18:45
Викенд: 14:20, 18:45

Големиот Кинески Зид
Секој ден освен понеделник: 17:15
Понеделник: 17:15, 20:00

Игла под прагот
Секој ден: 16:45, 20:45

Прстени
Секој ден: 19:15, 22:30

Зона Замфирова 2
Секој ден: 19:30, 21:30
Викенд: 12:20, 19:30, 21:30

Војна на Професори
Секој ден освен понеделник: 15:30, 19:45
Понеделник: 15:30

50 Нијанси потемно
Секој ден: 18:30, 21:15

Тишина
Секој ден: 22:10


ДЕТСКИ ИЛМОВИ


Ваијана 2D
Викенд: 12:00, 14:00
 
Синг 2D
Недела: 16:00, 18:00

Лего Бетмен 3D
Викенд: 12:40, 14:40

Лего Бетмен 2D
Викенд: 11:20, 13:20

Ав Ав Звезда 3Д

Секој ден: 15:15, 16:30, 17:45
Викенд: 11:40, 13:40, 15:15, 16:30, 17:45

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура