X
 02.03.2017 Живот

Каков совет би дал Бил Гејтс на младиот себеси?

Бил Гејтс на младиот себе би го дал следниот совет: Интелигенцијата не е најважната работа во животот.

Милијардерот кој ги напушти студиите за да го развие „Windows“ софтверот кој претставува револуција во IT светот, рекол дека интелигенцијата не е едно-димензионална како што некогаш верувал дека е.


Во сесијата „Ask me“ на социјалната мрежа „Reddit“, најбогатиот човек на светот одговарал на прашања. „Интелигенцијата не е толку важна колку што тогаш сметав дека е“, одговорил Гејтс на прашањето кој совет би го дал на деветнаесет годишниот себеси. „Би рекол дека е потребно да се истражи светот пред да се наполнат 40 години“, истакнал Гејтс.

„Тогаш не бев доволно друштвено добар, но не сум сигурен дека некој совет би можел да ги поправи работите. Можеби едноставно само ми требало време да пораснам“, изјавил Гејтс.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот