X
 03.03.2017 Култура

Исламот ќе стане најголема светска религија


Исламски светилишта

Според истражувањата, исламот е единствената религија која се зголемува побрзо од светската популација, па се очекува да стане најголемата религија до 2070 година.

Американскиот Pew Research Centre ги анализирал демографските промени меѓу главните светски религии и открил дека светската муслиманска популација ќе порасне за 73 проценти во периодот од 2010 до 2050 година, додека христијаните ќе пораснат само 35%, како втора најбрзорастечка религија.

Во истиот тој период, вкупната светска популација ќе се зголеми за 37 проценти. Ако таквите стапки на пораст продолжат со исто темпо по 2050, муслиманите ќе ги престигнат христијаните до 2070 година, се вели во извештајот.

Исто така, се наведува дека муслиманите ќе сочинуваат 10 проценти од европската популација.

Во 2010-тата имаше 1,6 милијарди муслимани во светот и 2,17 милијарди христијани.

Бројот на атеистите, агностиците и нерелигиозните луѓе ќе се намали од 16,4 на 13,2 проценти од светската популација, до 2050 и покрај очекуваниот пораст во Европа и Северна Америка.

Промените се должат на различни причини, меѓу кои е и различната стапка на наталитет. Муслиманите имаат највисока стапка, 3,1 дете по жена, а следат христијаните со 2,7.

Исламот исто така има многу помлада база на верници во споредба со другите религии. Телеграф пренесува дека 34  проценти од верниците се помлади од 15 години.

Извештаите покажуваат уште еден интересен податок: христијанството се очекува да изгуби значителен број верници заради откажување од верата или заради приклучување кон други религии. Се смета дека околу 40 милиони луѓе ќе се приклучат кон христијанството, додека 106 милиони луѓе ќе ја напуштат оваа вера.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура