Хрватскиот инженер Иван Фратриќ, во моментов е вработен во „Google“ во Швајцарија и открил опасен „
bug“ во „Internet Explorer“ и „Edge“. Ако се злоупотребат, овие технички пропусти на хакерите може да им овозможат рушење на компјутерите на многу корисници додека сурфаат на интернет, а во некои случаи би можеле и да преземат контрола и над пребарувачите.
Ова е втор пат Фратриќ да пронајде недостаток во производите на „Microsoft“, бидејќи во 2013 година, пронашол „bug“ во рамките на нивните „Black Hat“ натпревари.
Пропустите се откриени во начинот на кој пребарувачите ги процесираат инструкциите за форматирање на поединечни веб страници.
Фратриќ се вработил во „Google“ на крајот од 2012 година, а веќе во 2013 неговото име го пренеле сите светски медиуми. Компанијата основана од Бил Гејтс тогаш ги вовела натпреварите за пронаоѓање на недостатоци и технички пропусти во пребарувачите, па Фратриќ се јавил прв, а износот на паричната награда бил од 11 до 100 илјади долари.