X
 04.03.2017 Стипендии

Конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Чешката Република

Во тек е јавен конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Чешката Република во времетраење од 2 до 10 месеци.

Стипендиите се доделуваат врз основа на потпишана Спогодба помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка за соработка на полето на образованието и се наменети за македонските дипломирани и активни студенти на додипломски студии, кандидати запишани на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници.

Средствата ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана.

Подетални информации во врска со потребната документација, критериумите, условите и формуларите за пријавување се достапни на http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/scholarships-for-the-academic-year-2017-2018

Крајниот рок за аплицирање до Министерство за образование и наука на Република Македонија, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје е 24.03.2017 година.

Лице за контакт: Гоце Видановски (02) 3140 185 и 076 485 061.
Активен до:    24.03.2017
Тагови:

Издвојуваме

Стипендии