X
 04.03.2017 Култура

Земјата во која жените се испратени во егзил кога имаат менструален циклус

Во Непал, жените се испратени да спијат во колиби далеку од своето семејство, кога имаат менструален циклус. Жените се протерани од своите домови, благодарение на стар индиски ритуал. Жените не смеат да јадат, не смеат да имаат во себе религиозни икони и никој не смее да ги посетува.

жени

Дури и во главниот град Катманду, три од четири домаќинства ги ограничува жените кога имаат менструален циклус.

„Сметаме дека ако не го следиме „чаупади“, лоши работи ќе ни се случат, а ако го следиме, боговите ќе ни бидат од корист. Јас сметам дека со тоа правиме добро, па го следам за време на моите месечни циклуси“, вели Пабитра Гири, Хинду од западен Непал.

Гири вели дека таа порано се плашела, меѓутоа сега се навикна и може сама да ги преброди тие темни ноќи.

егзил

Меѓутоа две жени неодамна починале поради тоа што ја следеле практиката наречена „чаупади“. Една од жените починала како последица од вдишување на чад откако запалила оган за да се стопли. „Чапади“ е забранет со закон, меѓутоа луѓето продолжуваат да го практикуваат поради суеверијата во кои верува народот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура