X
 06.03.2017 Технологија

Неверојатна приказна за начинот на кој руските хакери ги пробија американските мрежи


Владимир Путин

Последните неколку месеци многу се пишува за руското хакирање на американските институции. The New Yorker ја објави приказната како Русите во 2008 успеале на прилично необичен начин да пристапат до нивните компјутери.

За да ја пробијат американската воена мрежа – која била доверлива и неповрзана на јавната интернетска мрежа – Русите подметнале озвучени УСБ-уреди во локалниот киоск во близина на седиштето на НАТО во Кабул, со надеж дека некој американски војник ќе купи УСБ-уред и ќе го вклучи во сигурносниот компјутер. И тоа се случи, пишува Business Insider.

Оваа приказна е документирана во оригинална верзија во книгата „Dark Territory“ од Фред Каплан во 2008 година, каде е опишана тајната историја на cyber-војувањето. Од тој успешен напад, cyber-војувањето стана клучна алатка на рускиот арсенал, која беше користена и при американските претседателски избори, но и при пресметки со своите соседи.

Случајот датира од пред  дваесет години, а истиот добил мало медиумско покривање. Станува збор за еден настан кога руската влада ги попречувала главните естонски портали во период од две седмици, со цел да изврши притисок нивниот северен сосед да се откаже од рушењето на споменикот во чест на Советскиот војник, кој бил лоциран на еден јавен плоштад.

Руската влада тогаш отворено предупредила дека рушењето на споменикот би можело да има „катастрофални последици“ за Естонија. Набрзо по cyber-нападите, естонската влада се откажала од својата намера.

Американските разузнавачки служби неодамна заклучиле дека руските тајни служби имале влијание врз американските претседателски избори во корист на Доналд Трамп, затоа што им ги отстапиле хакираните снимки од комуникацијата на демократите на Wikileaks.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија