X
 08.03.2017 Живот

Жената од која се плаши и Трамп!

Келијана Конвеј е советничка на Доналд Трамп, а многу луѓе ја нарекуваат најмоќната, но и најстрашната жена во светот.

kiliana

50 годишната мајка на четири деца им заповеда на сите, вклучувајќи го и Трамп. Таа неодамна ја шокира јавноста кога се појави фотографија од неа како таа клечи на софата во Овалната соба во штикли, но се чини дека на Келијана ѝ  е дозволено она што на другите не би им паднало на памет.

Пораснала во куќа со мајка ѝ, баба ѝ и двете тетки, а татко ѝ ја оставил кога имала 2 години, па не го видела од нејзината 13-та година.

„Во нашата куќа не се зборуваше за политика“, изјави Келијана во една прилика кога ја запрашале дали нејзината страст за политика има корени од детството.

Уште од мала се истакнувала помеѓу останатите деца - на 3 години научила да чита, а кога прв пат отишла во градинка, на нејзината мајка ѝ рекла: „Таму повеќе нема да одам, само играат по цел ден“. Постојано се расправала и ги аргументирала нејзините ставови. Другите во класот се молеле да ја прекине ѕвончето кога таа започнувала.

Година дена ги поминала на Универзитетот Оксфорд, каде запознала еден републиканец кој влијаел на тоа таа да започне да се занимава со политика, иако студирала право. Ја основала агенцијата за спроведување анкети и така започнало сè. Низ нејзината кариера често изјавувала дека се носи со несаканите „предности“ кои ги добивала врз основа на тоа што е жена.

„Воспитана сум да бидам силна жена, без било кој да го спомени зборот феминизам“, изјавила во една можност.

Во 2001 година се омажила за адвокатот Џорџ Конвеј со кој  денес ги има 12 годишните близнаци Џорџ и Клаудиј, 8 годишната Шарлот и 7 годишната Ванеса. Денес живее во куќа вредна 6 милиони долари во Њу Џерси.

Гласен противник е на абортусот, а на прашањето која би била нејзината професија доколку не би се занимавала со политика, таа изјавила: „Би водела центар за бременост каде би ги разубедувала трудниците да не абортираат“.

Дел од експертите велат дека голем удел за победата на Трамп имала таа, а сигурно е дека таа е дел од неговиот тим кој најмногу се појавува во медиумите.

„Кога моите луѓе се плашат да одат на некој тв канал, јас неа ја прашувам дали сака. Таа оди таму и ги уништува“, изјавил еднаш Трамп.

Многу противници на Трамп ја нарекуваат „лажлива и студена“, но сепак постојат и оние кои тврдат дека е доста внимателна позади камерите. После бројни скандали на Трамп во текот на кампањата, таа била повикувана да каже како може да работи со таков човек, меѓутоа таа застанала во негова одбрана велејќи дека тој е одличен шеф на жените.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот