X
 09.03.2017 Живот

Марк Цукерберг конечно ќе добие диплома од Харвард

Марк Цукерберг го прекинал студирањето на Харвард за да ја основа компанијата и да ја покрене социјалната мрежа „Facebook“. Сигурно неговиот потег бил поттик за многу млади луѓе кои постапиле исто со цел да ги остварат сопствените амбиции.


Но, Цукерберг по 12 години, се враќа на училиште, односно ќе му биде доделена почесна диплома од Харвард. Како што истакнуваат од Универзитетот, тој е голем дел од промената во светот и поврзувањето на луѓето, како и од иновациите во технологијата.

Марк Цукерберг не е единствениот кој станал многу успешен по прераното заминување од Универзитет. Ист пример се и Стив Џобс и Бил Гејтс, како и креаторот на „Paypal“, Питер Тил.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот