X
 09.03.2017 Култура

Силна бура го сруши Синиот прозорец на Малта


Синиот прозорец на Малта

Џозе Мускат, премиерот на Малта, преку Твитер соопшти дека силното невреме, пропратено со ветар, го сруши препознатливиот лак во варовничката карпа познат како Синиот прозорец, објави BBC.

Мускат истакна дека има „скршено срце“ заради падот на една од најубавите природни убавини во Малта.
Истражувачите уште од 2013 година предупредуваа дека ерозијата на карпата е неизбежност, иако не постои директна опасност од уривање на пристанишните објекти, пренесува Times of Malta.

„Научниците со години во своите извештаи предупредуваа дека ќе дојде ден кога овој величествен природен споменик ќе исчезне заради природна ерозија. За жал, дојде и тој ден“, истакна Мускат.

Варовничката карпа на островот Гозо беше една од најпрепознатливите туристички атракции во Европа, а денес на фотографиите може да се забележи дека не само што се срушил лакот во морето, туку исчезнаа и двата столба што го придржуваа.

На оваа локација беше снимен и дел од првата епизода на популарната серија „Игра на тронови“.

„Овој е тажен ден за Малта. Останавме без една од најголемите икони на природните убавини на нашата земја“, напиша Сајмон Бусутил, водач на опозицијата на Малта


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура