X
 09.03.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник пораст на температурите

Денес е четврток, 9 март 2017 година, 68-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:51, а ќе зајде во 17:37 часот. Денот ќе трае 11 часа и 46 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно и релативно топло време за овој период од годината. Во делови до западна и северозападна Македонија е умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има само во крајните јужни и крајните југоисточни предели, овие врнежи веќе во раните претпладневни часови ќе престанат па и во овие предели како и во останатите предели од Македонија ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер, кој долж Повадрдарито ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 14 степени. Во сабота посвежо утро со утрински температури од -2 до 7 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и свежо време со максимални температури кои ќе достигнат до 2 односно до 12 степени. Трендот на опаѓање на утринските температури ќе продолжи и во недела кога ќе се спуштат од -3 до 5 степени и во понеделник кога ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло време со пораст на дневните температури кои во недела ќе се движат од 4 до 14 степени, а во понеделник од 6 до 16 степени.4

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот