X
 10.03.2017 Живот

Какво време да очекуваме за време на викендот што следува?

Денес е петок, 10 март 2017 година, 69-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:49, а ќе зајде во 17:38 часот. Денот ќе трае 11 часа и 49 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно облачно и релативно топло време. Врнежи од дожд има во југоисточните и источните предели, додека пак во крајните западни предели преовладува умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес, нова дестабилизација на времето. Ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Над 1200 метри се очекуваат врнежи од снег. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бележат благо опаѓање и ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска не очекува претежно облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има во крајните северни и северозападни предели, а во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и посвежо. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 3 до 12 степени. Во недела и понеделник не очекува постуденото утро бидејки утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 5, односно од -4 до 3 степени, а во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневни температури од 2 до 11 степени во недела, однсоно од 5 до 14 степени во понеделник. Во вторник по студеното утро со температури од -5 до 2 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот