X
 10.03.2017 Живот

Папата им порачува на верниците да ја користат Библијата исто како мобилните телефони

Папата Франциск во своето неделно обраќање им порача на верниците да и дадат на Библијата место во секојдневниот живот, како што им даваат на своите мобилни телефони.


„Што би се случило кога би ја отвориле повеќе пати во текот на денот, ако би ги читале пораките на Бога кои се содржани во Библијата, на истиот начин на кој ги читаме пораките на своите мобилни телефони“, рекол папата.

Римокатоличкиот поглавар многу често ги користи социјалните мрежи, вклучувајќи го „Twitter“, за комуникација со верниците.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот