X
 12.03.2017 Наука

Чудесноста на науката прикажана низ фотографии


Необична флора и фауна

Науката е чудесна, а токму овие фотографии по којзнае кој пат го докажуваат тоа. Спектакуларни фотографии и илустрации, вкупно 22, влегоа во потесен избор на натпреварот наречен Wellcome Images Awards. Тие носат неверојатен увид во светот кој е невидлив за голо око и честопати тешко разбирлив, но истовремено и неверојатно важен и волшебен.

Натпреварот е во организација на британската Wellcome Trust која секоја година ги наградува фотографите, илустраторите и научниците кои со своите дела, без оглед дали станува збор за микроскопски снимки, цртежи или фотографии, го свртуваат јавното внимание врз науката. Во пропозициите стои дека сите фотографии кои се пријавуваат за натпреварот мора да ја празнуваат науката и да ги промовираат истражувањата при кои настанале. Досега се одржани 20 изданија на натпреварот. Првпат е одржан во 1997 година, а годинешните победници ќе бидат прогласени на 15 март.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука