X
 12.03.2017 Наука

Владата на САД со барање до НАСА

Двата дома на Конгресот на САД донесоа Закон за авторизација на НАСА за 2017 со кои добиваат финансии, но и многу јасно барање: да ги однесат луѓето на Марс.

Марс
Фото извор: Miror/Getty


Со цел да се дојде на Марс, Конгресот има барање до НАСА да се развие „прва човечка мапа за истражување“ што треба да биде поднесена до 1 декември 2017. Со овој план ќе се истакнат јасни цели, наместо да се прави само голем чекор наеднаш до црвената планета. Во документот е запишано дека мисијата треба да започне чекор по чекор од орбитата на Земјата, а потоа да се цели кон површината на Марс.

Планирани се три чекори секој со сѐ поголеми предизвици како што луѓето ќе се оддалечуваат од Земјата. Со овие чекори НАСА ќе може да ја достави и мапата што ја бара Конгресот. Основните чекори може да ги погледнете на фотографијата подолу:

патување до марс
Фото извор: Sciencealert/NASA

Мисијата на НАСА на Марс

Многу неодамнешни вести за мисии на Марс вклучија и приватни вселенски компании, а најчесто компанијата “SpaceX” и други како “China” и “the UAE”. Во “SpaceX” се планира лансирање на веселнско летало без екипаж до 2018, потоа лансирање на нова ракета до 2022 и евентуално испраќање на луѓе на Марс до 2025.

Да се каже дека до сега НАСА не преземала ништо би било погрешно. Агенцијата веќе има испратено ровери на Марс. Еден од нив веќе помогна да знаеме колку вода има на црвената планета. Друг е планиран за 2020 година, кој ќе собира информации за други ресурси, како кислород. Испраќањето на овие летала е еден од првите чекори да се однесат луѓето до Марс.

Мисиите на Марс и предизвикот таму да стапне човекот не се само опсесија. Тие служат да инспирираат генерации како што тоа го направиле Аполо мисиите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука