X
 13.03.2017 Технологија

Дали традиционалните медиуми се пред исчезнување?

Скоро половина век после првите чекори во развојот на интернетот, денес животот без интернетот не може да се замисли, а печатените медиуми скоро ги преполовија тиражите токму поради него.

gugl
Фото извор: Pexels

„Pokemon GO“, „iPhone 7“ и „Доналд Трамп“ се поми кои во изминативе години најмногу се пребаруваа од страна на корисниците ширум светот, додека Европејците најмногу ги интересирало спорт.

„Луѓето и понатаму го користат Гугл за пребарување на големи, сериозни страници, друштвени мрежи и сè што ќе  посакаат. Она на кое сега работиме и што ни е важно, како што им е важно на корисниците, е гласовното пребарување, кое би требало да им го олесни пребарувањето на интернет. На тој начин се обидуваме да го сфатиме секој корисник и истовремено да одиме чекор понапред“, вели Гари Ијеш, аналитичар вебмастер на трендови од Гугл.

Велат дека информацијата е моќ, а во согласност со тоа сите сакаме да знаеме што се случува во моментот. Во развиените земји како што се Америка и Велика Британија, популацијата помеѓу 18 и 35 години поминува три пати повеќе време на онлајн видеа отколку на класична телевизија.

„Некогаш работев како новинар, но и подучував студенти. Секогаш им велев дека тешко е онлајн новинарството - текстот не смее да биде предолг, бидејќи докажано е дека корисниците не можат долго време да одржат внимание на еден текст. Често само го читаат насловот, првите неколку реченици и потоа заминуваат“, објаснува Ијеш.

„Традиционалните медиуми нема да исчезнат, но онлајн медиумите мораат добро да проучат која содржина ќе ја пласираат доколку сакаат да ги задржат корисниците“, додава тој.

Експертите истакнуваат дека онлајн медиуми полека го преземаат приматот, самостојно или во комбинација со традиционалните медиуми, кои како шо велат, нема да исчезнат, туку ќе се прилагодат на новата онлајн доба.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија