X
 13.03.2017 Култура

Музиката од филмовите на Скорсезе на едно место!

мартин

Филмската реалност на Мартин Скорсезе изобилува со мудри момци, борци, одмаздници, луѓе од законот, лудаци и магнати, па затоа бара сцена исто толку живописна како и ликовите во оваа реалност. Неговите филмови, често пати со дејствие во одредени делови од 20-от век во Америка, потсетуваат на тие времиња и места токму преку песните инкорпорирани во филмовите.

Помеѓу најголемите музички моменти се „Werewolves of London“, „Janie Jones“, „Love is Strange“ и „Gimme Shelter“.

Самиот Скорсезе режирал многу филмови целосно посветени на музичарите и музиката, вклучувајќи го и филмот „The Last Waltz“ од 1978 година, во кој се раскажува за прошталниот концерт на бендот „The Band“, документарната серија од 2003 година „The Blues“, „No Direction Home“ од 2005 година за Боб Дилан и многу други.



Голем дел од моќниот избор на Скорсезе произлегува од неговото долго пријателство со гитаристот на „The Band“, Роби Робертсон кое започнало со снимањето на филмот за оваа група и продолжува до ден денес. „Почнавме еден однос во кој ја допревме основата за секој филм кој го правев и типот на музика која ја користев“, изјави Скорсезе во една прилика.

Во продолжение уживајте во парчињата музика од филмовите на Скорсезе.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура