X
 13.03.2017 Технологија

Основачот на „World Wide Web“ смета дека Интернетот е во опасност

Основачот на „World Wide Web“, Тим Бернерс-Ли ја изрази загриженоста за иднината на Интернетот, по објавените информации од страна на „WikiLeaks“ дека ЦИА може да го хакира „Whatsapp“ и „Smart TV“.


Тој изјавил дека го замислувал Интернетот како отворена платформа, која ќе им дозволи на сите и секаде да споделуваат информации, да имаат пристап до информации и да соработуваат наспроти географските и културните граници. Но, Тим истакнува дека е загрижен за три точки:

1. Мора повторно да се има контрола над личните информации

Тим смета дека не сме свесни за фактот дека имаме директна контрола над персоналните информации. Едноставно работите се отидени предалеку што се однесува до оваа тема, вели тој. Во моментов се спречува Интернетот да биде користен за истражување на важни проблеми, како сензитивни здравствени прашања и слично. 

2. Мораме да се справиме со лажните информации

Денес, многумина наоѓаат вести и информации на Интернет преку голем број социјални медиуми и пребарувачи. Тие медиуми заработуваат многу пари кога корисниците кликаат на нивните линкови. Тие одлучуваат што ќе ни сервираат како информации врз основа на алгоритмите кои ги научиле од нашите лични информации кои константно ги прибираат. Резултатот е ширење лажни информации за различни цели.

3. Политичарите мора да бидат повеќе отворени

Политичкото онлајн  рекламирање брз премина во софистицирана индустрија, смета Тим.

Тој истакнува дека политичките кампањи креираат индивидуални реклами кои директно ги таргетираат корисниците. На политичка последната кампања во САД, 50 илјади варијации на рекламни пораки биле објавувани на „Facebook“, што е состојба која е речиси невозможна за набљудување.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија