X
 14.03.2017 Живот

Најпродаваната книга на Амазон со празни страници

Дипломец од Јејл и дописник за конзервативниот портал „The Daily Wire“, Мајкл Џеј Ноулс, објавил книга која содржи листа на поглавја и литература, додека 260 страници се празни.


фото извор: newsweek.com

Книгата чини 7,08 долари привлекла големо внимание на Интернет и сега е на првото место на листата бестселери на Амазон.

„Нешто што е навистина одлично за оваа книга е тоа што можете да ја прегледате за околу 15 до 20 секунди“, рекол Ноулс гостувајќи во телевизијата „Fox news“.

Книгата завршува со рецензија на конзервативниот политички аналитичар Бен Шапиро кој ја опишал со еден збор – „темелно“. Ноулс навел дека истражувањето за книгата траело долго и додал дека заклучил како е „веројатно најдобро само да остави празни страници“.

Слична книга, дело на Дејвид Кинг „Why Trump Deserves Trust, Respect & Admiration“, исто така е со празни страници, а во моментов има 4,4 од пет ѕвездички на страниците на Амазон.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот