X
 15.03.2017 Култура

Најсмртоносната книга во историјата

Од моментот кога е објавена во 1774, германската новела „Страданијата на младиот Вертер“ е литературна сензација на младиот адвокат Јохан Волфганг фон Гете кој се прославил на 25 години.

страданијата на младиот вертер
Фото извор:Wikipedia foto H. –P.Haack


Полуавтобиографската книга за романтичарскиот главен лик кој се убива заради невозвратена љубов е првиот модерен бестселер и првата психолошка новела која имала влијание и врз имиња како Франц Кавка, Ралф Валдо Емерсон и Томас Ман.

Гете тврдел дека книгата имала терапевтско дејство врз неговите суицидни мисли како млад човек, но не може да се каже истото за оние на неговите читатели. Романот допрел до читателите во цела Европа, а подоцна и во Америка каде што се нарекува „безграничен делкириум на спектаклот“ во англиската верзија од 1827 година.

Темата е толку популарна што младите луѓе почнале да носат сино палто со жолти панталони и елеци во чест на својот омилен лик. Но, за жал, копирањето на ликот не застанува овде: наскоро се случиле неколку самоубиства кои биле објавени во европските весници, при кои вознемирените читатели се застрелувале, скокале од згради или во реки.

Критичарите велат дека Вертер го легитимизира, дури и го валоризира самоубиството. Во годината по објавувањето на книгата универзитетот во Лајпциг успешно собира петиција за нејзина забрана како и за костимот на Вертер. Книгата била исто така забранета во Италија и Данска. Подоцна во неговиот живот Гете се жалел на несреќниот ефект од неговата приказна на коие кои „сметале дека мора да ја претворат поезијата во реалност“.

Во 1974 социолог од универзитетот во Сан Диего, Калиформнија, Дејвид Филипс дошол до податоци дека самоубиствата во Британија и САД меѓу 1947 и 1068 се зголемени по приказна за самоубиство која се појавувала во весниците, зараза која ја нарекол „Вертер ефект“.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура