X
 15.03.2017 Живот

Овој викенд температури над 20 степени

Денес е среда, 15 март 2017 година, 74-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:41, а ќе зајде во 17:44 часот. Денот ќе трае 12 часа и 03 минути.

Како што и вчера ви најавивме ова утро имаме малку постудено утро со пониски утрински температури. Во овие утрински часови во Македонија имаме умерено облачно време, додека пак во источната половина претежно сончево време со локална облачност, но и тука во претпладневните часови се очекува зголемување на облачноста.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските и претпладневните часови претежно умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Минималните температури од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претпладне умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне претежно сончево и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 18 степени. Во петок и сабота по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време. Во петок минималните температури од -5 до 4 степени, а максималните од 8 до 18 степени, додека пак во сабота утринските од -4 до 5 додека пак дневните од 10 до 20 степени. Во недела во Македонија повторно се очекува зголемување на облачноста но ќе продолжи натпросечно топлото време, минималните температури од -3 до 6 степени, додека пак дневните од 11 до 21 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот