X
 16.03.2017 Живот

Времето во наредните 5 (дена)

Денес е четврток, 16 март 2017 година, 75-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:39, а ќе зајде во 17:45 часот. Денот ќе трае 12 часа и 06 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно и потопло време. Долж Повардарието од Скопската до Демир Капијската котлина има и локални врнежи од дожд кои престануваат. Додека пак во делови од југоисточна и источна Македонија има умерено облачно време со сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во утрински часови во северните, северозападните и североисточните предели со услови за слаби врнежи од дожд кои рано претпладне ќе престанат и ќе преовладува умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и свежо време, додека пак попладне се очекува намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди а ќе продолжи и да дува доумерен и засилен северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во раните утрински часови во Скопје претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд. Претпладне умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне намалување на облачноста и претежно сончево време. Утринската температура од 5 степени, додека пак максималната дневна до 13

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија во петок и сабота ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што ќе услови претежно сончево и надпросечно топло време за овој период. Во петок по студеното утро со утрински температури од -4 до 5 степени, во текот на денот ќе биде сончево и топло со максимални температури од 8 до 18 степени. Студено утро ќе имаме и во сабота кога утринските температури ќе се движат во интервал од -5 до 4 степени, а во текот на денот сончево и топло со дневни температури од 11 до 20 степени. Во недела преодна дестабилизација на времето, умерено облачно со врнежи од дожд и топло со дневни температури од 12 до 21 степен. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и натпросечно топло со максимални температури од 13 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот