X
 17.03.2017 Технологија

Дали знаете дека секој четврти автомобил на светот е произведен во Кина? Прочитајте уште неколку интересни факти за автомобилите


Илустрација на автомобил со составни делови
(Фото: Shutterstock)

Автомобилите потекнуваат од крајот на 19 век, кога го изменија не само начинот на превоз, туку и светот, воопшто. Автомобилската индустрија некогаш броела повеќе илјади произведувачи, додека денес, на светско ниво постојат триесетина мегакорпорации кои постојано „исфрлуваат“ нови модели на пазарот. Иако се еден од најголемите загадувачи, и според црните статистики, во сообраќајните несреќи во светот повеќе од еден милион луѓе го губат животот на годишно ниво, човечкиот род нема така лесно да се откаже од нив затоа што возењето на четири тркала е практично и удобно. Еве неколку интересни факти за автомобилите кои можеби и не ги знаете.

1.    Првиот автомобил го патентирал во 1886 година Карл Бенц како „возило со плински погон“ на три тркала. Автомобилската историја била променета со појавата на авомобилот Ото со четиритактен мотор, на Дизел и Хенри Форд.

2.    Најпродаваниот автомобил во историјата е Тојота Корола.  Од 1966 продадени се дури 39 милиони примероци во целиот свет.

3.    Моментално, на планетата се користат околу милијарда автомобили, а секојдневно се произведуваат нови 165.000.

4.    Во Лос Анџелес има повеќе автомобили од жители.

5.    Најголемата казна за пречекорување на брзината на возење, во висина од еден милион долари, е изречена во Швајцарија.

6.    Кога би постоел пат до Сонцето, би биле потребни 150 години да се стигне до него со автомобил.

7.    Првата сообраќајна несреќа е забележана во 1769 година.

8.    Просечен автомобил има околу 30.000 делови.

9.    Автомобилот е најрециклираниот производ во светот.

10.    Командната плоча на автомобилот во првобитниот облик била дрвена плоча која го заштитувала возачот од калта што ја фрлале коњите зад себе, во текот на возењето.

11.    Ферари дневно произведува 14 автомобили, а Тојота 13.000.

12.    Секој четврти автомобил на светот е произведен во Кина.

13.    Возачите на автомобилите дневно убиваат повеќе елени отколку ловџиите.

14.    Просечниот Американец годишно губи 38 часа чекајќи во сообраќајна гужва.

15.    Рекордот во бројот на луѓе кои успеале да влезат во Смарт е поставен во 2010 година во Пакистан кога во автомобилот се „напикале“  19 луѓе.

16.    Бришачите се измислени во 1903 година од Мери Андерсон.

17.    75 проценти од автомобилите кои ги произвел Ролс Ројс, сè уште се во возна состојба.

18.    Најтешката лимузина на светот тежи речиси 23 тони, а во неа можат да се возат 43 луѓе. Има три засебни простории и бар.

19.    Првата форма на одговорност на сопственикот на возилото и возачот за безбедноста на трети лица е воведен во 1930 година во Велика Британија. Дотогаш, повредените или жртвите немале никакви права, а возачите и сопствениците неретко се соочувале со големи  трошоци за штетата на своите возила.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија