X
 17.03.2017 Наука

Пет необични предмети кои со години кружат околу Земјата


Објект во вселената
(Фото: НАСА)

1.    Фудбалска топка

Вселенскиот шатл „Челинџер“ на 28 јануари 1986 година експлодираше после првите 73 секунди од летот и се дезинтегрираше некаде над Флорида. Полето на остатоците, наречено „Таргет 67“, покрива површина од 890 километри од Атлантикот, сè до длабочина од 370 метри. Нуркачите открија делови од вселенскиот шатл кои ја преживеале иницијалната катастрофа, вклучително и  дел од капсулата за посaдата во која беше најдена и фудбалска топка што со себе  ја понел астронаутот Елисон Онизука.

По неговата смрт, топката е вратена во средното училиште кое ја донирало на Онизука каде била поставена како вреден експонат во училишната изложбена поставка. По игра на случајот, во тоа школо учел и синот на инструкторот на НАСА, Сахен Кимбруг, кој во чест на починатиот колега, ја понел со себе топката на една од своите мисии во Меѓународната вселенска станица минатиот месец  и ја пуштил да кружи во орбитата. Кимбруг на својот Твитер профил објавил фотографија од топката, со коментар дека „конечно таа завршила во вселената, на местото каде што требала да биде“.




2.    Господин Смит

Оваа осамена фигура е пуштена во 2016 од  Меѓународната вселенска станица во Земјината орбита во рамките на еден прилично креативен експеримент: се работи за едноставен комуникациски сателит, наречен „Господин Смит“ или „Иван Иванович“. Овој  бизарен „астронаут“ всушност е пензиониран  руски вселенски костум со монтиран радио-емитер на шлемот. Тој е исфрлен во вселената, за време на една заедничка вселенска прошетка на американските и руските вселенски сили. Содржи снимени гласовни пораки на пет различни јазици, како и тајна „слоу – скен“ телевизиска слика, која требаше да биде емитувана кон Земјата. На слушателите на Земјата им беше кажано да се приклучат на фреквенција од 145.990 мегахерци, но сигналот, всушност, никогаш не бил примен.

Човек во вселената

3.    Тајно ѓубре

Откако за првпат ја виделе руската вселенска станица „Мир“,  астронаутите на НАСА ја споредиле со „шест меѓусебно прицврстени школски автобуси кои се судриле додека истовремено хаотично се приклучувале во крстосница“. По една деценија, кога Американците ја посетиле станицата, нивната проценка на внатрешноста, не била ништо подобра. Имено, тие истакнале дека таа изгледа како дом на пијани студенти, со искината опрема и вреќи полни со ѓубре наоколу. Тој опис воопшто не ги изненадил набљудувачите на Земјата, кои долго време забележувале „необични активности при прошетката на астронаутите на станицата“ – кога во вселената се појавувале мистериозни, лесни и мобилни предмети.
Голем број луѓе веруваат дека астронаутите го фрлаат своето ѓубре во вселената, наместо да го вратат назад на Земјата, но Русите никогаш не го потврдиле тоа.

Вселенско летало
(Фото: НАСА)

4.    Вонземен живот?!

Службеник на Роскосмос во 2014 година изнел тврдење пред руската новинска агенција ИТАР-ТАСС , дека руските астронаути пронашле траги од живот надвор од Меѓународната вселенска станица. Наводно до такво откритие дошле при долготрајна анализа на остатоци пронајдени надвор од станицата. Со микроскопска анализа пронајдени се организми кои наликуваат на морски планктон од Земјата, иако потполно е  нејасно на кој начин „морскиот живот“ би можел да заврши во вселената. Претходните анализи покажале дека воздушните  струи би можеле да подигнат „живи клетки“ до 40 километри од површината на планетата, но не и подалеку од таа граница. Откривањето на 4,2 милијарди години стар фосил од бактерија во 2017, исто така ја зголеми можноста дека животот на Земјата стигнал од вселената, но НАСА ги отфрла таквите тврдења.

5.    Црниот витез

Необичен и неидентификуван објект се движи во орбитата на Земјата, а според поединечни тврдења тоа трае веќе 50 години. Го нарекуваат Црниот витез и голем број теоретичари на заговор сметаат дека има вонземско потекло и дека е стар околу 13.000 години. Никола Тесла прв забележал звуци што ги чул од вселената во 1899, верувајќи дека се работи за сигнали од интелигентен живот. Дури и угледниот магазин „Тајм“ во 1960 за време на Студената војна пишуваше дека американската морнарица е свесна дека постои сателит со необична траекторија со апологеа од 1728 километри и перигеа од само 216 километри.

Извештаите за „Црниот витез“ носеле мноштво непотврдени приказни, а според астронаутот од НАСА Џери Рос, објектот едноставно е резултат на грешка. Најновиот настан околу овој објект се случил во 1998.
Тогаш, спејс-шатлот „Дискавери“ заминал на Меѓународната вселенска станица со мисија да инсталира определена опрема . Полковникот Џери Л. Рос и доктор Џејмс Х. Њумен се обидувале да постават термо ќебе на раменската игла, прикачена на вселенската станица, за да се намали губитокот на топлина и да се заштеди енергија. Но, прекривката летнала во вселената. На фотографија снимена од НАСА, настаната во текот на мисијата СТС-88, се забележува црн објект кој веднаш почнал да се поврзува со легендарниот Црн витез, иако експертите објаснуваат дека најверојатно се работи за изгубеното термално ќебе.

Во интервју од 2014, полковникот Рос изјавил: „Ако видиме нешто таму горе, ќе бидеме првите кои ќе проговориме за тоа и ќе поставуваме прашања, но и ќе им кажеме на луѓето дека сме виделе нешто кое не можеме да го разбереме. Теориите на заговор се забавни за оние кои работат на нив, но истовремено се и губиток на драгоцена енергија на мозокот“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука