X
 17.03.2017 Култура

Руски ремек-дела на реализмот што го сменија светот засекогаш

Покрај тоа што се напишани во доцниот 19 век, делата на рускиот реализам и понатаму ја освојуваат читателската публика. За време на „Златното доба на руската литература“ имињата како Пушкин, Гогољ, Достоевски, Толстој и Чехов го преземаат светот на литературата, познати по психолошките анализи, интроспекцијата, темната страна на човечката природа и безвременските филозофски и егзистенцијални прашања.

наслов на книга
Фото извор: slavorum.org


Комбинацијата на мотивите како длабокиот портрет на Русија, културата, историјата и луѓето е она што ги носи делата надвор од границите на Источна Европа, ги прави синоними за интелигентна литература и обезбедува бесмртност за нивните креатори.

„Злосторство и казна“, Фјодор М. Достоевски

И покрај тоа што во романот главниот мотив е убиството фокусот е сосема малку насочен кон него. Полна со кошмари, параноја, и внатрешни борби, вистинската казна на која се фокусирал Достоевки е умот на Родиан Раскољников и неговата совест. Напишан со огромно знаење за темната страна на човековата природа, „Злосторство и казна“ нуди неверојатен личен увид во умот на човек кој е гонет од радикални идеи и евентуално, вина.

„Татковци и синови“, Иван С. Тургенев

„Татковци и синови“ се смета за првата модерна новела во Русија, како и за прво дело на руски писател на кој му се придава значење на Запад. Романот се занимава со јазот помеѓу традиционалните либерали на постарата генерација претставени од татковци на два главни лика и нихилистичката идеологија присвоена од протагонистите Базаров и Кирсаноб. Тој раскажува безвременска приказна за судир на генерации како и стари наспроти нови идеи и идеологии.

„Мајка“, Максим Горки

Безусловната љубов на мајката кон синот е тема во овој роман. Иако е јасно изразено на моменти дека тој е политички, „Мајка“ останува еден и единствен за мајките во руското реалистичко литературно движење.

„Војна и мир“, Лев Николаевиќ Толстој

Овој роман, кој му одзен шест години на Толстој да го заврши, по комплексноста може да биде спореден со „Браќа Карамазови“ на Достоевски. Напишан во периодот пред Наполеоновата инвазија на Русија, Толстој поставува прашања не само за војната, туку и за историјата. Но, се поставуваат и прашања за живот во мир, што го чини човек да биде среќен и кој морал е потребен за општеството и индивидуата.

„Обломов“, Иван А. Гончаров

Оваа новела која се запишува во руската историја, е приказна за нерешителен и меланхоличен благородник. Од оваа новела произлегува терминот „обломовизам“, кој се однесува токму на однесувањето на главниот лик Обломов, како и на неговата желба да спие засекогаш. Терминот припаѓа на рускиот вокабулар и често се користи за екстремна пасивност и мрзеливост.

„Браќа Карамазови“, Фјодор Михаиловиќ Достоевски

Последното дело на Достоевски се занимава со теми од модерна Русија, христијански морал и етика, отуѓување и сомнеж. Многу идеи за човечката психологија, спиритуалност, цел и вистинска природа се дискутирани од различни агли, што е една од причините зошто таа постанува култна книга.

„Ана Каренина“, Лев Николаевиќ Толстој

„Ана Каренина“ се смета за круна на рускиот реализам. Таа се занимава со теми како љубов, улоги на родовите, феудализам, љубомора, посесивност, религија, страст и лицемерие, а поуката е прикажана преку трагичната судбина на главниот лик Ана Каренина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура