X
 17.03.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Од наредна недела температури до 24 степени



Денес е петок, 17 март 2017 година, 76-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:38, а ќе зајде во 17:36 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути.


Во поголем дел од Македонија ова утро имаме претежно ведро и постудено утро. Во северните, централните и североисточните предели имаме претежно облачно време и тука утринските температури се повисоки

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок денот го започнуваме со малку постудено утро и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 5 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и топло време со најава дека наутро и претпладне во североисточните и еден дел од северните и источните предели ќе има појава на локална облачност. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно време а веќе претпладне облачноста ќе се намалува и појава на сончеви периоди, за веќе во попладневните часови да преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Студено утро не очекува и во сабота со утрински температури од -4 до 4 степени, а во текот на денот сончево и топло време со дневни температури од 12 до 22 степени. Во недела потопло утро со утрински температури од 0 до 8 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, а во попладневните часови во североисточните и источните предели со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Максималните температури од 10 до 19 степени. Во понеделник и вторник продолжува сончевото и доста топло, да кажеме надпросечно топло време за овој период од годината со температури кои ќе се движат од 14 до 24 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот