X
 18.03.2017 Здравје

Како да препознаете анемија кај децата?

Благата анемија може да се појави без никакви симптоми. Како што нивото на железото се намалува, вашето дете може да ги има следните симптоми:


-    Раздразливо е
-    Повремено како да останува без здив
-    Помалку јаде
-    Делува уморно и слабо
-    Има главоболки и вртоглавици
-    Бојата на кожата е бледа
-    Ноктите се слаби и кршливи

Слабокрвните деца се релативно добро расположени, но бргу се заморуваат при напор, а може да се јави и отежнато дишење. Кај поголемите деца може да забележи и потешки знаци на нарушувања во снабдувањето со кислород, посебно од страна на мозокот и срцето бидјќи се најчувствителни.

Симптомите кои родителите најчесто ги препознаваат кај своите бебиња или мали деца се посилно или послабо изразено бледило на кожата. Други знаци на анемија се незаинтересираност за игра, слаб апетит и зголемено потење. Кај децата со поголема анемија се појавува и кршливост на ноктите и косата.
Како се дијагностицира анемијата?

Дијагнозата ја поставува лекар со преглед и задолжителни лабораториски анализи на крвта. Се прават тестови кои го мерат нивото на железо во организмот како и способноста за врзување на железото. Освен испитувањето на бројот на крвни ќелии, составен дел од анализата на крвта се смета и утврдувањето на нивото на хемоглобин и хематокрит кои го покажуваат квалитетот на крвта.

Според критериумите на Светската здравствена организација, анемијата се смета за намалена концентрација на хемоглобин во крвта под 110гр/1 за деца од шест месеци до петтата година од животот, под 115гр/1 од петта до дванаесетта година и под 120гр/1 за деца на возраст од дванаесет до петнаесет години.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје