X
 18.03.2017 Култура

Причини зошто треба да ѝ се восхитуваме на Јапонија

Јапонија е едно од најизвонредните места на Земјата, каде традициите стари сто векови ко-егзистираат заедно со иновациите на светот. Оваа уникатна земја има многу причини поради кои треба да ѝ се восхитуваме.

1. Токио е најбезбедната метропола во светот

Истражувачкиот центар „The Economist Intelligence Unit“ објави рангирања за најбезбедните градови во светот во кои биле вклучени категории како на пример личната безбедност, здравството и инфраструктурата. Токио го освои првото место, Сингапур второто и Осака третото место.

1
Фото извор: ru-japan.livejournal.com  

2. Детални инструкции

Јапонија е преполна со водичи кои можат да ги сфатат дури и странците бидејќи текстовите често се преведени на англиски и имаат одлична илустрација.

3. Јапонските деца имаат заеднички родендени

15 ноември е голема прослава за сите деца кои имаат 3, 5 или 7 години и се нарекува „Шити-Го-Сан“ што во превод значи „Седум-Пет-Три“. Овие возрасти симболизираат суштински период во растењето.

4.
Зеленчук што изгледа како уметност

Уметноста на мукимоно е широко распространета во Јапонија. Секој регион има својо мукимоно тема.

5
Фото извор: reddit.com

5. „Премиум петок“

Не е тајна тоа што повеќето работници во Јапонија страдаат од замор поради премногу работење. За да се справи со ова, владата одобри програма наречена „Премиум петок“ - работниците можат да ја напуштат работата неколку часа порано секој последен петок од месецот.

6. Компании со долгогодишна историја


Правата на имот се доста строги во Јапонија, па затоа се` уште постојат антички компании како „Hoshi Ryokan“ која постои уште од 718 година, а е управувана од истото семејство 46 генерации.

7. Светилишта за дивиот свет

Помеѓу нив се наоѓа и селото за Зао лисицата лоцирано во Мијаги префектурата на острово Хоншу. Ова е село полно со лисици кое можат да го посетат луѓето (освен децата).

2
Фото извор: Kyodo/FOTOLINK/Associated Press/East News  

8. Брзи поправки на патиштата


Во 2014 година, огромна дупка се појави на патот во Фукуока - дупката беше поправена за неверојатни 48 часа.

9. Грижливи работници

Овие работници покриле нечиј автомобил за да го заштитат од она што го работат на патот.

3
Фото извор: 24warez.ru  

10. Огромен избор на храна


Можете да пронајдете буквално се` во Јапонија - од традиционални Кономијаки палачинки до прекрасно чоколадо.

11. Возови во вид на куршуми

Брзите Шинкансен возови се наречени „куршуми“ затоа што достигнуваат 320 километри на час.

12. Систем за предупредување на мобилните телефони

Освен националниот систем „J-Alert“ со кој владата ги предупредува граѓаните преку медиумите и звучници, постои и систем преку СМС пораки со што владата испраќа порака до секој граѓанин во случај на итност.

13. Внимание на детали

Дури и шахтите изгледаат на еден вид уметност.

4
Фото извор: coward lion / DEPOSITPHOTO.COM  

14.  Утрински вежби

Учениците и вработените на поголемиот дел од компаниите го започнуваат денот со утрински вежби. Оваа традиција постои уште од 1928 година и е широко поддржана бидејќи не само што прави луѓето да се чувствуваат подобро, туку и ги охрабрува да бидат поблиски што е доста важно за Јапонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура