X
 19.03.2017 Здравје

Народот со најздравото срце во светот

Нацијата Чимајнеј, која живее во шумите во Боливија има најздраво срце во светот, велат најновите истражувања на научниците.

1
Фото: Michael Gurven

Скоро никој од оваа нација нема запушени артерии, дури ни во староста.

„Ова е неверојатно население“, со радикално различни диети и начини на живот, вели истражувањето.

Постојат околу 16.000 Чимајнеј луѓе кои ловат животни, риби и се занимаваат со земјоделие на Маники реката во прашумите во Амазон во Боливија. Нивниот начин на живот е сличен со оној на цивилизацијата пред илјадници години.

Исхраната на Чимајнеј

17% од нивната исхрана вклучува дива свиња, тапир и капибара (најголемиот глодар во светот)

7% слатководни риби, вклучувајќи пирана и сом

Останатата исхрана вклучува ориз, пченка, сладок компир и овошје слично на бананата

2
Фото: Michael Gurven

Физичка форма

Исто така, овој народ е физички активен - мажите прават околу 17.000 чекори на ден, а жените 16.000. Дури и оние над 60 години прават над 15.000 чекори дневно.

„Тие се неверојатно физички активни“, вели д-р Грегори Томас, еден од истражувачите од Лонг Бич центарот во Калифорнија.

Здраво срце

Научниците ги провериле скеновите за коронарен артериски калциум што претставува знак за запушени крвни садови и ризик од срцев удар.

Tие скенирале 705 луѓе и нивните срца - на 45 годишна возраст речиси и не постоел Чијманеј човек кој имал коронарен артериски калциум во нивните артерии.

До 75 годишна возраст, две третини од Чијманеј луѓето немале коронарен артериски калциум. Истражувачите ја проучувале оваа група прилично долго време со што заклучиле дека овој народ едноставно нема болни луѓе кои умираат млади.

„Овој народ има најниска стапка на оваа болест. Најблиску се Јапонките, меѓутоа сепак постои разлика“, изјави Мајкл Гурвен, професор по антропологија на Универзитетот во Калифорнија, Санта Бабара.

3
Фото: Michael Gurven

Дали се здрави само поради вежбањето и исхраната?

Овој народ помалку пуше, меѓутоа се соочуваат со повеќе инфекции што би можело потенцијално да го зголеми ризикот од проблеми со срцето предизвикувајќи воспаление на телото.

„Нам ни е потребен посериозен холистички пристап кон физичките вежби, не само вежбање за викендот. Возење велосипед до работа, качување по скали и слично. За одржување на здравјето потребно е многу повеќе вежбање. Модерниот живот не` одржува во живот, но урбанизацијата и специјализацијата на работната сила би можеле да бидат новите фактори за ризик. Овој народ живее во мали заедници, животот им е доста социјален и имаат позитивен став“, вели тој.

Д-р Гавин Сандеркок, од одделот за кардиологија на Универзитетот во Есекс вели дека ова е одлично истражување со уникатни наоди.

„Овој народ 72% од својата енергија ја добива од јаглехидратите. Фактот што имаат најдобар индикатор за здравјето на кардиоваскуларниот систем е сосема спротивно од неодамнешните предлози дека јаглехидратите не се здрави“, вели тој.

Д-р Навид Сатар, од Универзитетот во Глазгов вели: „Ова прекрасно истражување за реалниот живот го потврдува сето она што го знаеме за спречување на болестите на срцето. Едноставно кажано, јадењето здрава исхрана со ниско ниво на заситени масти и непреработени производи, непушењето и физичката активност се поврзани со низок ризик на запушување на крвните садови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје