X
 20.03.2017 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во првата пролетна недела?

Денес е понеделник, 20 март 2017 година, 79-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:32, а ќе зајде во 17:49 часот. Денот ќе трае 12 часа и 17 минути.

Денес во 11 часот и 20 минути на северната хемисфера започнува пролетта. Пролетната рамнодневница ни носи речиси идентично времетраење на денот и ноќта. Рамноденицата, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Во Македонија, најстариот познат локалитет на кој се определувала датата на рамноденицата е Кокино, од околу 1800 г.п.н.е.

Ова предпролетно утро во Македонија имаме веќе пролетни временски услови, претежно сончево и релативно топло време за овој период од годината, само во крајните западни и североисточни предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе имаме претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Минималните температури од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 24 степени, што воедно ќе бидат за околу 8 до 10 степени над повеќегодишниот просек.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник и среда топло утро со утрински температура од 2 до 10 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои во вторник ќе се движат од 16 до 25, а во среда од 15 до 24 степени. Претежно сончево и топло време не очекува и во четврток со максимални температури од 16 до 25 степени. Топлото време ќе продолжи и во петок кога ќе имаме и појава на локална облачност, но температурите повторно ќе останат над просекот и ќе се движат од 16 до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот